Connect with us

Фудбал

Легендите на Ливерпул и Јунајтед се фатија за лопата, ако има снег на теренот, нема натпревар, а со тоа нема ни пораз за Манчестер (ВИДЕО)

Денеска од 17:30 часот на „Енфилд“ фудбалерите на Ливерпул ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед во дербито од 20. коло, а интересна сцена видовме денеска на иконскиот стадион.


Имено, поранешните англиски репрезентативци Гери Невил и Џејми Карагер и актуелни аналитичари на Sky Sports влегоа на стадионот за да им помогнат на работниците да го исчистат снегот од тревникот. Но, додека легендарниот фудбалер на Ливерпул всушност го чистеше снегот, Невил го враќаше со лопата на тревникот. Секако, Невил на шега алудираше на фактот дека за неговиот сакан Јунајтед би било подобро натпреварот да не се одигра бидејќи „црвените ѓаволи“ се во многу лоша форма. Нема натпревар, нема нов пораз за Јунајтед.

Ливерпул во овој натпревар влегува од лидерската позиција, додека Манчестер Јунајтед е само на 14. место и во серија од три порази. Да потсетиме, натпреварот беше доведен во прашање поради обилните снежни врнежи, но денеска во 13 часот беше донесена одлука натпреварот сепак да се игра.