Connect with us

Фудбал

Леонардо со железна рака, Нејмар е принуден да започне… на училиште

„Во ПСЖ ќе се зборува само на француски“, ова е наредбата што спортскиот директор, Леонардо, им ја донесе на сите челници на клубот.

„L’Equipe“ пишува дека бразилскиот менаџер ги собрал членовите на клубот за време на тренинг сесијата и им ставил до знаење на сите дека во соблекувалните комуникацијата со клубот ќе се одвива само на француски и оние кои не разбираат треба да започнат со учење на јазикот на приватни курсеви.

Нејмар е втора година во ПСЖ и не го разбира францускиот јазик, дури Бразилецот никогаш не се обидел и никогаш не бил заинтересиран да го научи јазикот на земјата во која игра.

Повеќето играчи на ПСЖ добиваат лекции по француски јазик, при што само Нејмар изјави дека фудбалот е универзален јазик и не би учел друг јазик освен неговиот (португалски и шпански).