Connect with us

Фудбал

Левандовски беше изненаден од прашањето за цифрата која ПСЖ му ги дава на Мбапе

Килијан Мбапе го продолжи договорот со ПСЖ, но Роберт Левандовски одби да зборува негативно за платата што Французинот ќе ја добива во следните три години.

23-годишниот напаѓач ќе остане во Париз уште три сезони и ќе има нето сезонска плата од 60 милиони евра и веројатно тоа е единствената вистинска причина зошто на крајот не се пресели во Реал Мадрид, иако му вети на Флорентино Перез дека ќе се приклучи на новите европски шампиони летово.

Тие 60 милиони евра се највисоката плата на еден фудбалер, а ѕвездата на Баерн, Роберт Левандовски беше прашан што мисли за тоа и дали е во ред еден играч да гледа се преку пари.

„Знаете што, не сакам да бидам во група луѓе кои се против тоа и кои ќе кажат дека фудбалерите заработуваат премногу. Да бидеме на чисто, секој сака да заработи колку што може и нема ништо лошо во тоа“, рече Левандовски.

„Што се однесува до платите, нема да ви кажам премногу за тоа, но ако некој сака да плати некому толку, тоа е негова одлука“.

Левандовски следното лето ќе стане слободен играч, но тој одби да остане во Баерн и сака да се пресели во Барселона, но се уште не е јасно дали тоа ќе се случи. Баерн има право да го задржи, додека играчот очајно сака нешто ново во кариерата.