Connect with us

Фудбал

Левандовски: Го известив Хасан за мојата одлука

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски одлучи да го напушти Баерн.

Левандовски денеска беше стрелец во Волфсбург за нерешени 2:2 и се чини дека ова му беше последен натпревар во дресот на германскиот великан.

Лева му порача на клубот дека нема намера да го продолжи договорот до летото 2023 година и дека сака да си замине, па летово има одреден трансфер, а се знае колку го посакува Барселона.

 

„Можам да потврдам дека разговарав со Хасан Салихамиџиќ и го информирав дека одлуката е донесена и дека не го продолжувам договорот со Баерн“, изјави Левандовски во саботата за Скај.

 

„Двете страни треба да размислуваат за иднината. Најдобро е да се најде најдоброто решение за секого. Му реков на Хасан дека ако дојде понуда, тогаш морам да размислам за тоа. Сè што можам да кажам е дека сите треба да размислиме за иднина“.

 

Претходно истото го кажа и Салихамиџиќ, како разговарал со Левандовски и како му кажал дека нема желба да го продолжи договорот.

 

“Разговарав со Лу. Во интервјуто тој ми кажа дека не сака да ја прифати нашата понуда за продолжување на договорот и дека би сакал да го напушти клубот”, изјави спортскиот директор на Баерн.

 

Барселона со нетрпение го очекува Левандовски, но прашање е како шпанскиот тим има намера да го доведе со оглед на големите финансиски проблеми.