Connect with us

Фудбал

Левандовски за Златната топка и Лионел Меси: Тој е Ферари, но и јас сум Ферари, само понов модел!

Иако многумина сметаат дека Роберт Левандовски требаше да ја освои Златната топка претходната година, Лионел Меси ја освои наградата по седми пат во кариерата.

Во подкастот „WojewodzkiKedzierski“ Роберт Левандовски повторно ја допре оваа тема. Поради некои изјави извадени од контекст и лоши преводи кои завршија со измамнички наслови, има и такви кои веруваат дека Роберт Левандовски е лут на Лионел Меси откако ја освои престижната награда пред него.

„Тешко е да се каже дека бев бесен ако се погледне фактот дека изборот е помеѓу мене и Лионел Меси. Од една страна станувате емотивен, вашата самодоверба уште повеќе се зголемува бидејќи, според половина од луѓето (гласачите), jaс бев подобар. Другата половина рече дека тој е подобар. Но, тој е Лео Меси, тој е некој кој е на врвот 12-15 години“, рече Лева.

-Тој е како историско Ферари. И, исто така и јас се чувствувам како Ферари, само понов“.

Напаѓачот на Баерн се уште ја цени својата моментална позиција:

„Јас, момче од Полска, од мало гратче во близина на Варшава, одам на тренинг час и половина, на иста сцена сум со најдобрите фудбалски ѕвезди во историјата… леле!