Connect with us

Фудбал

Леванте славеше против Еспањол во првиот осминафинален дуел од шпанскиот Куп

Екипата во која настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди, Леванте забележа победа синоќа на првиот осминафинален дуел од „кралскиот куп“ на Шпанија.

Леванте славеше триумф на теренот на Еспњаол со 2:1. Нашиот репрезентативец Барди одигра 58. минути, а во 53. доби жолт картон.

Лидерот на табелата во Ла Лига, Барселона во комбиниран состав без првите ѕвезди одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Селта. За разлика од „каталонците“ Реал Мадрид со сигурни 3:0 славеше на гостувањето кај Нумансија.

Реванш дуелите ќе се играат на 9, 10 и 11.јануари.