Connect with us

Кошарка

Леверт е медицинско чудо

Иако делуваше страшно повредата што Карис Леверт ја доби на мечот помеѓу Бруклин и Минесота, по која кошаркарите на двата тима делуваа шокирано по тешкиот пад на членот на „нетси“. На прв поглед се чинеше дека станува збор за скршеница, но деталните прегледи покажаа дека Леверт е медицинско чудо. Имено, тој нема никаква скршеница на ногата и станува збор само за дисторзија на зглобот.

Овој кошаркар го очекува повеќемесечна пауза, но нема да мора да оди на операција, па според клупските лекари тој речиси сигурно ќе може да се врати на терените во текот на оваа сезона.