Connect with us

Фудбал

Лига на нации заврши, Македонија постигна неколку рекорди прв пат во историјата (ФОТО)

Со победата од 1:0 против Фарски Острови, македонската фудбалска репрезентација и официјално го освои првото место во Дивизијата Ц во Лигата на нации, па од следната сезона ќе игра во Дивизијата Б. Освен овој рекорд, кој за прв пат во историјата го постигнува Македонија, поставени се уште неколку други.

Имено, за прв пат во историјата Македонија во групната фаза во едно натпреварување го завршува без пораз, поточно со пет победи и едно реми, она против Фарски Острови од 1:1 на почетокот од оваа сезона на Лигата на нации. Токму тој гол кој е примен на тој меч и тоа од пенал е единствениот кој Македонија го прими во ова натпреварување, па после тоа забележа пет меча во кои е сочувана голмаснката мрежа. Освен тоа, забележании се и пет победи во низа, што исто така е за прв пат во историјата. Исто така Македонија на домашен терен нема примено гол оваа сезона во Лигата на нации, што само по себе исто така е историски учинок.