Connect with us

Фудбал

Линекер: Не можете да имате се што ќе посакате

Легендарниот Гери Линекер ја коментираше одлуката на Килијан Мбапе да остане во ПСЖ.

Во Шпанија медиумите и раководството на лигата го обвинуваат Мбапе за непочитување бидејќи претходно ветил дека ќе дојде во Реал Мадрид, а ПСЖ го обвинуваат за наводно кршење на финансискиот фер-плеј.

Линекер, кој инаку го сака шпанскиот фудбал, верува дека обвинувањата кон ПСЖ и францускиот репрезентативец се преувеличени.

„Го сакам шпанскиот фудбал, но „плачењето“ затоа што Мбапе остана во ПСЖ отиде предалеку. И двете шпански диви постојано ги регрутираат најголемите фудбалски суперѕвезди и им плаќаа огромни суми на пари. Никој друг немал право на такво нешто. Ќе мора да се навикнете на фактот дека не можете секогаш да имате сè“, напиша Линекер.

Мбапе има договор со парижаните до крајот на оваа сезона и речиси беше сигурно дека ќе замине во Реал Мадрид и дека се договорија пред неколку месеци, но преку ноќ се се сврте.

Вчера француските медиуми објавија дека Мбапе ќе остане во ПСЖ откако доби договор од овој клуб кој не можеше да го одбие, а потоа и официјално беше потврдено.

Годишно ќе заработува околу 100 милиони евра, па дури ќе има право да биде дел од тим кој ќе избере нов тренер и ќе носи големи одлуки кога е во прашање ПСЖ.

Не се договори со Реал за некои клаузули во договорот, но во овој клуб се изненадени што тој толку брзо се откажа од преговорите и реши да се согласи на се што му понуди ПСЖ.

За ова зборуваше и претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој беше изненаден што Мбапе нема да дојде во Реал Мадрид бидејќи очигледно бил сигурен дека трансферот ќе се случи на лето.

Тебас изјави дека не му е јасно како ПСЖ може да му понуди таков договор на играчот бидејќи се во огромни долгови. Тој побара и од Француската фудбалска федерација да го истражи сето ова и да поднесе тужба против ваквиот бизнис на клубот, а самиот најави дека Ла Лига ќе се жали до УЕФА и ќе бара ПСЖ да биде казнет.

„Имаат загуби од околу 700 милиони евра, а таков договор му даваат на Мбапе. Не ми е јасно како оди се, па имаат сметка од 600 милиони евра само за плати. Тоа што го прави ПСЖ е навреда на фудбалот“, рече Тебас.