Connect with us

Ракомет

Лино: Никогаш повеќе нема да ја водам Хрватска на ЕП или СП

„Мора да бидеме задоволни. Имавме една рововска битка. Шпанија имаше подолга клупа и искуство. Го немавме Циндриќ, тоа ни беше голем проблем, а и бековите не ни беа расположени. Одбраната на Шпанија беше цврста. Штета. Како и да е, честитам на играчите за одиграното. Крваво го заработивме ова финале. За ништо немам замерка, за злато ни требаше малку повеќе. Благодарен сум за сите медали кои ги освоив и не можам да се жалам на ништо. Со гордост гледам на својата кариера. Израснав во мал град и постигнав многу. Благодарен сум на сите играчи со кои работев и на сите помошници и соработници. Тоа се прекрасни луѓе. Јас нема повеќе да ја водам Хрватска на ЕП или СП“, изјави Червар.