Connect with us

Фудбал

Листата на неуспешни трансфери на Манчестер Јунајтед е се подолга и подолга

Досега, летниот период на транзиција е исклучително фрустрирачки за Манчестер Јунајтед. Освен Фред и Далтон немаше големи засилувања, а Мурињо не ги доби играчите што ги сакаше.

Последниот во серијата желби на Мурињо кои нема да се исполнат е Роберт Левандовски. Долго време се шпекулираше дека Левандовски сака да го напушти Баерн и да побара нов предизвик, а во последните неколку дена се појавија информации дека Јунајтед се приклучи во трката за големата полска ѕвезда.

Сепак, покрај шпекулациите и изјавите на менаџерот на Роберт, се чини дека ќе остане во Баерн, а тренерот на Баварците, Нико Коваќ беше јасен по тоа прашање и рече дека Левандовски ова лето не оди никаде.

Така, Јунајтед загуби шанса да го донесе посакуваното засилување, а името на Роберт Левандовски беше пронајден на долгата листа на играчи чии трансфери Црвените Ѓаволи не успеале да го направат ова лето.

На листата на неуспешни трансфер на Јунајтед, освен Левандовски за сега и Герет Бејл, Хари Мегвајер, Вилијан, Тиаго Алкантара, Анте Ребиќ, Иван Перишиќ, Алекс Сандро, Антоан Гризман и Тоби Алдервајрелд.