Фудбал
Ливерпул без Кутињо и Салах против Евертон во ФА купот
Екипата на Ливерпул утрешниот дуел од 3.коло од ФА купот против градскиот ривал Евертон ќе го игра без повредените Фелипе Кутињо и Мохамед Салах.
Двајцата играчи поради повреди не беа во комбинација и за дуелот од Премиер лигата што „црвените“ го играа во понеделникот против Барнли и победија со 2:1.
Состојбата со Кутињо е малку проблематична особено што повторно е актуелен неговиот евентуален трансфер во Барселона.
Добра вест за менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е тоа што право на настап може да има новото засилување од Саутемптон Вирџил Ван Дајк.