Connect with us

Фудбал

„Ливерпул е лесен залак за Реал“

Остануваат уште 15 дена до финалето од Лигата на Шампионите, во кое ќе играат Реал Мадрид и Ливерпул во Киев.

„Кралевите“ ќе ја играат улогата на фаворит како актуелен шампион во Европа, а легендата на овој клуб, Франциско Генто, тврди дека Ливерпул е „лесен залак“ за Реал.

„Без сомнение, победата над Ливерпул ќе биде само „лесен залак“ за Реал“, изјави 84-годишниот Генто.

“Реал едноставно не сака да изгуби. Сите сакаат да ја продолжат оваа голема серија на победи и сите знаат дека се смета само победите во финалето. Реал знае што е залог“, истакна Генто.

„Кралевите“ се апсолутни рекордери со 12 трофеи во Лигата на шампионите, а Генто ги освои шест во периодот од 1956 до 1966 година