Connect with us

Фудбал

Ливерпул ја донесе конечната одлука за судбината на Мохамед Салах

Навивачите на Ливерпул стравуваат дека нивната најголема ѕвезда Мохамед Салах ќе го напушти клубот на крајот на сезоната поради неговата расправија со Јирген Клоп против Вест Хем. Египќанецот имаше жестока расправија со менаџерот на Ливерпул при влегувањето во игра за време на натпреварот против Вест Хем Клоп го внесе Египјанецот во игра дури во 79. минута од натпреварот наместо Луис Дијаз, што очигледно не му се допадна на Салах, па тој и германскиот селектор се скараа.

По натпреварот, Салах им кажа на новинарите дека „ќе има оган ако зборува“, а сите навивачи на Ливерпул мислеа дека неговата авантура на „Енфилд“ е завршена. Договорот на Салах со „црвените“ истекува на крајот на следната сезона, а тој ќе остане член на Ливерпул до нејзиниот крај.

Салах вчера беше модел за новиот дрес на Ливерпул за следната сезона, што беше доволен показател дека и следната сезона ќе игра во црвениот дрес, а денеска Клоп на прес-конференцијата потврди дека нивниот конфликт е минато.

„Да не се знаевме толку долго, не знам како ќе го решивме овој проблем. Но, бидејќи многу се почитуваме, нема повеќе проблеми. Да продолжиме понатаму“, изјави Клоп на денешната прес-конференција. Англиските медиуми го очекуваат Салах во стартниот состав на Ливерпул веќе во недела кога Тотенхем пристигнува на „Енфилд“ во 36. коло од англиската Премиер лига.