Connect with us

Фудбал

Ливерпул кон два историски записи, календарот е пекол за Клоп

Ливерпул има фантастичен почеток на новата сезона во Премиер лигата. Екипата на Јирген Клоп има остварено 7 последователни победи и има 21 бод. „Редсите“ бркаат два рекорда во англиското првенство. Челзи со Жозе Мурињо има девет последователни стартни победи, додека Сити има 18 последователни победи во првенството.

Шампионот во Лигата на шампионите во моментов имаат две победи помалку од лондонскиот клуб, додека од друга страна имаат 16 последователни победи во Премиер лигата. Календарот за момчињата на Клоп воопшто не е едноставен, и двата рекорди изгледа тешко за пробивање, бидејќи наредните 3 недели се резервирани за „големи“ пресметки.

Лестер на домашен терен, гостувањето кај Манчестер Јунајтед и Тотенхем на домашен терен се следните предизвици за Клоп. Лестер има фантастична сезона, бидејќи е на третото место зад Ливерпул и Сити, а Јунајтед и Тотенхем покрај тоа што лошо ја започнаа сезоната сепак се незгодни противници.