Connect with us

Фудбал

Ливерпул подготвува удар против Арсенал

Ливерпул ќе предложи договор на Џек Вилшер, ако англискиот репрезентативец не успее да ја продолжи соработката со сегашниот клуб Арсенал, тврди „Сан“. Договорот на 26-годишниот играч истекува и во моментов размислува за понуда од „црвените“, кои се негов матичен клуб.

Имајќи ја в предвид историјата на Вилшер со повреди, од Арсенал понудија да ја намалат неговата плата од 90 илјади фунти неделно, но да ја доближат претходната сума со бонуси за учества во натпревари.

Самиот играч, сепак, не е целосно задоволен со ова и може да побара друг тим ова лето.

Според тврдењата на „Сан“, Ливерпул е подготвен да му плаќа по 90 илјади фунти неделно на Вилшер, ако тој прифати да премине во тимот како слободен агент во текот на летото. На овој начин тој ќе стане замена за Емре Џан, кој речиси сигурно ќе замине.