Connect with us

Тајмаут

Лошо поставената заштитна мрежа причина за смртта на Поасон

Неправилно поставената заштитна ограда е причината за смртта на францускиот скијач Давид Поасон.

Французинот почина завчера откако им подлегна на повреди по падот на спуст тренингот во Накиска, Канада.

Истрагата покажала дека заштитната мрежа била толку блиску до дрвото што не можела да го задржи скијачот, кој по падот при голема брзина силно удри во дрво крај патеката.

Од ударот 35-годишнот Поасон се здоби со фатални повреди.