Connect with us

Тајмаут

Ловрен може да лежи 5 години затвор

Дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен, може да лежи 5 години во затвор. Причината за ова е лажно сведочење.

Хрватот беше повикан во вторникот како сведок во случајот за корупција против поранешниот шефот на Динамо (Загреб), Здравко Мамиќ. Ексцентричниот шеф е обвинет за проневера на 14 милиони долари.

Хрватските обвинители објавија дека започнале истрага за Ловрен под сомневање за лажно сведочење во врска со неговиот трансфер од Динамо во Лион во 2010 година.