Connect with us

Фудбал

Ловрен нема да го напушти Зенит: Глупости и провокација

Генералниот директор на Зенит Александар Медведев ги демантираше информациите дека хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен сака да го раскине договорот со клубот поради нападот на Русија на Украина.

Претходно денеска беше потврдено дека Украинецот Јарослав Ракицки го напушти клубот од Санкт Петербург.

„Во контакт сум со Дејан. Тој ми потврди дека информацијата за желбата за раскинување на договорот е глупост и провокација“, истакна Медведев за руските медиуми.

Триесет и тригодишниот дефанзивец дојде во најбогатиот руски клуб од Ливерпул во 2020 година, а оваа сезона одигра 14 натпревари во Премиер лигата.

Зенит по 19 кола е лидер на шампионатот со два бода повеќе од Динамо Москва и седум повеќе од Сочи.