Connect with us

Фудбал

ЛШ: Бешикташ не го очекува ништо добро во Минхен

Еден од фаворитите во Лигата на шампионите – Баерн Минхен, го пречекува Бешикташ во првата средба од осминафиналето на турнирот.

Баварците се апсолутен фаворит за пласман во следната фаза и ќе се обидат да решат се уште вечерва на „Алијанц Арена“. Бешикташ изненадувачки заврши на првото место во групата и не дозволи ниту еден пораз, но во Минхен ќе треба да се надмине себе си, за да си замине со позитивен резултат.

Баерн е во одлична форма по враќањето на Јуп Хајнкес и освои 15 од последните 16 домашни дуели во сите натпреварувања. Во саботата баварците победија на гостувањето кај Волфсбург, иако на некои стартери им беше дадена пауза. Победничкиот гол го постигна Роберт Левандовски во 90. минута.

Бешикташ не е убедлив во турскиот шампионат и е на четврто место, откако заостанува пет поени од лидерот Истанбул Башакшехир.

Двата тима се состанаа во Лигата на шампионите во сезоната 1997/98 кога беа во група и Баерн постигна две победи со по 2:0.

Интересни факти пред мечот:

– Баерн е во серија од 13 победи на сите турнири и нема пораз во домашни натпревари оваа сезона;

– Бешикташ изгуби само два од 24 официјални натпревари во сезоната;

– Над 2.5 голови беа постигнати во секој од последните 10 натпревари на Баерн Минхен во ЛШ;

– Баварците освоија шест од претходните седим натпревари на турнирот;

– Баерн постигна барем два гола во шест од последните седум натпревари во Лигата на шампионите;

– Бешикташ е во серија од шест дуели без пораз во турнирот.