Connect with us

Кошарка

Лу Вилијамс со рекордни 50 поени во неговата кариера, Дурент стигна до 20 000 поени против Клиперс

Предводени од Лу Вилијамс и неговите рекордни во кариерата 50 поени екипата на ЛА Клиперс забележа убедливата победа над шампионот Голден Стејт со 125-106.

На спротивната страна, Кевин Дурант реализира 40 поени со што стана само петтиот играч во историјата на НБА лигата кој стигнал до бројката од 20.000 поени пред својата 30. година.

Тимот на Минесота ја продолжи серијата на победи, па ноќеска славеше против Оклахома Сити на гостински терен со 88-104

Џими Батлер беше првото име кај Тимбервулвси со 26 поени, додека кај Тандерси, Расел Вестбрук оствари дабл-дабл со 38 поени и 10 скока.