Connect with us

Фудбал

Љубовта која нема граници, Каљехон го напушта Наполи и заминува во третолигаш?!

Првиот кој најверојатно ќе го напушти Наполи е Дрес Мертенс, бидејќи на крајот на сезоната му истекува договорот, а тој не постигнал договор за продолжување на соработката. Истата ситуација е со Хозе Каљехон, на кој исто така ова лето му истекува договорот.

Каљехон во Наполи стигна во летото 2013-та година од Реал Мадрид. Стана еден од најомилените играчи на домашните навивачи, но се чини дека дојде време за разделба.

Овој 33-годишен фудбалер ќе го напушти Наполи на крајот од сезоната, а мадридски „АС“ пишува дека најголем интерес има од Фенербахче кој веќе испратил понуда на неговиот агент.

Но, исто така постои опција Каљехон да се врати во шпанскиот третолигаш Марбелја, каде што ја почна ариерата. Овој клуб го презема кинескиот пензонер Жао Жен кој сака да ја однесе Марбелја во Ла Лига, а сега е на добар пат да избори пласман во Сегунда.

Неговиот брат Хуанми веќе игра за овој клуб како и Естебан Гранеро кој во зимскиот преоден рок стигна од Еспањол. Дали Каљехон ќе го избере Фенербахче или Марбелја, останува да се види.