Connect with us

Фудбал

„Лудакот“ на Лидс за Алиоски: Би бил среќен доколку…

Како што пишуваат турските медиуми Езџан Алиоски има преддоговор со Галатасарај. По завршувањето на оваа сезона македонскиот репрезентативец се сели во Истанбул. Но, сето ова се крие во тајност бидејќи Алиоски се плаши од реакцијата на навивачите на Лидс кои не сакаат тој да замине. Па, информацијата ќе се соопшти кога ќе заврши сезоната.

Но,  неговиот тренер Марсело Биелса, кого популарно го нарекуваат „Лудакот“, Алиоски вели:

-Не знам каква одлука ќе донесе Алиоски. Тоа се приватни преговори меѓу Лидс и фудбалерот и немам мислење за тоа. Јас би бил среќен доколку Алиоски остане со нас, вели Биелса.