Connect with us

Други спортови

Лудакот се враќа на патеката

Контроверзниот италијански мотоциклист, Романо Фенати, ќе се врати во мото шампионатот, откако му истече суспензијата поради тоа што на ривалот му притисна сопирачка во текот на трка.

Фенати на својот конкурент Стефано Манци му притисна сопирачка додека возеше повеќе од 150 километри на час и загуби рамнотежа, но успеа да се задржи на мотоциклот на трката за Големата награда на Сан Марино.

Тој повторно ќе вози за екипата на Маринели, која го отпушти веднаш по инцидентот. Сепак, Фенати овој пат ќе вози во Мото 3 класата.

Меѓународната мото федерација (ФИМ) му ја одзема лиценцата на Фенати до 2019 година, поради што тој ќе се појави на стартот од новата сезона.