Connect with us

Фудбал

„Луѓе умираат, ние играме фудбал, ова е апсурдно“

Синоќа се играше во Лига Европа. Вулверхемптон му гостуваше на Олимпијакос, чиј што сопственик на социјалната мрежа пред неколку дена напиша дека има коронавирус.

Мечот заврши 1:1, а тренерот на гостите Нуно Еспирито Санто даде силна изјава:

-Знам дека има луѓе кои се болни, знам дека има и случаи во кои што умираат. Апсурдно е да играме фудбал, вели тој кој притоа ја критикуваше и одлуката да се игра без публика, бидејќи како што вели фудбалот се игра токму за публиката. Неговата порака е воопшто да нема мечеви во ваква ситуација, бидејќи како што вели има поважни нешта од фудбалот.