Connect with us

Фудбал

Луис Енрике: Тешко е секогаш да се победи играјќи на секои три дена, менталитетот е вистинскиот

Првата пречка во првенството за ПСЖ дојде на теренот на Ремс, каде шампионот на Франција ремизираше 1-1. По голот на Дембеле, домаќините одговорија и израмнија преку Накамура.

„Доминиравме на почетокот на натпреварот, каде што ги затворивме противниците на нивната половина. Имаа среќа, бидејќи постигнаа гол при нивниот прв контранапад.

Во други прилики имавме можности да постигнеме гол, но мрежата не се тресеше. Сепак, заслуживме барем нерешено. Мислам дека можевме да победиме со оглед на многуте можности, но ова е фудбалот“, изјави Енрике и додаде:

„Многу сум задоволен од менталитетот на тимот. Беше јасно дека ни требаат играчи со посвежо ниво на кондиција бидејќи ќе играме на секои три дена и треба да се опоравиме. Натпреварот не заврши како што сакавме, но тука е многу тешко да се победи и мора да продолжиме да работиме“.