Connect with us

Фудбал

Луис Енрике за можното враќање во Барселона: Оставив отворена врата, никогаш не се знае

Со Барселона освои две шампионски титули, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа, Светското клупско натпреварување и три пати Шпанскиот куп. Луис Енрике во 2017-та година одлучи да замине од клупата, од лични причини, подоцна се покажа дека е поради неговата ќерка која за жал почина во 2019-та година на деветгодишна возраст поради канцер на коските.

Сега е селектор на Шпанија, но на прашањето дали би се вратил во Барселона, одговори никогаш не се знае.

-Оставив отворена врата. Никогаш не се знае. Имав одлични моменти во овој клуб кој ми даде се, изјави Енрике.