Фудбал
Луис Суарез ја напушта Барселона?
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез (31) со изненадувачки трансфер може да ја напушти Барселона.
Шпанските медиуми тврдат дека каталонскиот гигант е подготвен да се откаже од 31-годишниот напаѓач, кој може да се врати во Ливерпул.
Доколку успеат да го донесат Гриземан, сигурно е дека уругваецот ќе го напушти Камп Ноу, а интерес за него покажува менаџерот Јирген Клоп.
Германскиот експерт смета дека Суарез дополнително ќе го засили нападот со неговото искуство и квалитет и дека е заинтересиран да го врати на Енфилд, каде што играл од 2011 до 2014 година.
Суарез во Ливерпул одигра 133 натпревари и постигна 82 гола, потоа замина во Барса со што ги освои речиси сите можни трофеи и постигна 152 гола во 197 настапи.