Фудбал
Луис Суарез се огласи на Инстагрма со жестока порака
Напаѓачот на Уругвај, Луис Суарез, најверојатно ова лето ќе ја напушти Барселона, бидејќи Роналд Куман не смета на него.
Холандскиот стручњак, кој штотуку ја презеде Барселона, веќе пречкрта неколку сартни играчи на тимот, меѓу кои и Суарез. Тој, наводно, телефонски му рекол на Уругваецот дека може да оди, што ги разочара навивачите на клубот.
Сепак, Суарез не заслужуваше да му се каже на тој начин дека може да оди, но тоа е уште една потврда дека лидерите на Барселона го изгубиле својот компас.
Деновиве се пишуваше многу за Суарез, а една вест беше дека бара голема компензација и во спротивно нема да оди. На крајот, тоа беше одбиено, а Суарез вчера се огласи за сите шпекулации.
Тој испрати јасна порака до сите да не зборуваат во негово име и дека тој самиот ќе каже нешто доколку е потребно.
„Има луѓе кои зборуваат во мое име или кажуваат некои работи за мене. Јас ќе зборувам за себе кога тоа ќе биде потребно. Не е точно сè што ќе чуете“, рече Суарез.