Connect with us

Фудбал

Лука Модриќ не зборува многу, но неговите зборови се секогаш шампионски: „Тоа му го кажа на пријател пред ПСЖ“

Лука Модриќ одигра уште една прекрасна партија против ПСЖ во дресот на Реал Мадрид.

Неверојатниот хрватски играч за врска на 36-годишна возраст игра навистина одлично, а приреди нова магија против ПСЖ, кој Реал Мадрид го исфрли од Лигата на шампионите со победа од 3:1.

Наводно пред овој меч Модриќ му се доверил на пријател, а неговите зборови за „El Partidazo de Cope“ ги открил Пако Гонзалес.

Гонзалес во програмата за натпреварот разговарал со Поли Ринкон, а Ринкон рече:

„Веќе најавив во ова шоу. Доколку Реал го помине ПСЖ, веќе го имате европскиот шампион“.

Потоа збор зеде Пако Гонзалес. Тој тврди дека истите зборови ги кажал Лука Модриќ пред дуелот со парискиот великан.

„Она што му кажа на Поли, Лука Модиќ му го кажа на нашиот заеднички пријател. Тој му рече: „Ако го поминеме ПСЖ, ќе ја освоиме Лигата на шампионите“.

Лука Модриќ веќе освои четири трофеи во Лигата на шампионите со Кралскиот клуб, но нема сомнение дека уште еден ќе му значи многу, особено што неговата кариера е при крај.

Модриќ оваа година ќе го прослави својот 37 роденден, но договорот со Кралевите ќе го продолжи до 2023 година кога ќе се збогува со дресот на еден од најголемите клубови во светот.

Ќе видиме дали следната сезона ќе му биде последна во кариерата.