Фудбал
Лука Модриќ се збогува со големиот Икер: Ми беше задоволство …
Асот на Реал, Лука Модриќ, се збогува со неговиот поранешен соиграч Икер Касиљас.
Модриќ и Касиљас играа заедно две сезони пред Икер да го напушти Мадрид и да продолжи да ја гради својата кариера во Порто.
Денес, легендарниот голман објави дека официјално ја заврши кариерата, иако не игра повеќе од една година поради срцев удар.
На ова, Лука имаше емотивни зборови што ги објави преку Инстаграм:
„Задоволство ми беше да играм со тебе. Се најдобро во новото поглавје. Среќно во пензија!“, Напиша Лука.