Connect with us

Фудбал

Лукаку: Ако можат Меси, Роналдо и Левандовски, можам и јас

Ромелу Лукаку направи вистински потег со заминувањето од Манчестер Јунајтед и преселбата во Интер. Во Милано е веќе втора сезона, а продолжи онаму каде што застана минатата. Во првата сезона имаше 23 голови во Серие А, а оваа од 9 меча има 8 погодоци. На вкупно одиграни 64 мечеви во дресот на Интер во сите конкуренции за една ипол година Лукаку постигна 46 голови, што секако е импресивен учинок.

Во разговор за „Франс фудбал“ Белгиецот вели во моментов е помеѓу најдобрите пет играчи во светот, а може да биде уште подобар, односно да ги надмине своите можности.

-Јас сум еден од петте најдобри играчи во светот. Добро ми оди и среќен сум што се вклопив ви Интер. Ако Меси, Роналдо и Левандовски можат да достигнат, но и да ги надминат своите лимити, тогаш сигурно можам и јас, изјави Лукаку.

Тој и неговиот тим утре вечер против Шахтјор го играат клучниот меч во ЛШ. Ако победат, но и доколку Реал и Мнхенгладбах не одиграат нерешено, тогаш ќе се пласираат во следната рунда.