Connect with us

Фудбал

Лукаку: Јас сум наредникот на Мурињо

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку се дефинира себеси како наредник во селекцијата на Жозе Мурињо, во интервјуто со Тиери Анри во студиото на „Скај Спортс“. Мурињо не престанува да го фали напаѓачот и да го брани кога не постигнува голови.

– Мислам дека менаџерот ме гледа како наредник на теренот, а тоа е чудно за напаѓач, бидејќи тоа обично важи за играчите од средниот ред. Отсекогаш сум работел напорно и благодарен сум, но, сепак, јас сум напаѓач и треба да постигнувам голови. Тој е многу добар и мислам дека знае дека имам психа на војник. Мислам дека мојата трудољубивост е одлична за тимот и Мурињо е сигурен дека може да се потпре на мене во секое време. Секогаш ќе го ставам тимот пред себе и му го реков тоа, изјави Лукаку на Анри, кој е асистент во белгискиот национален тим.

Белгиецот не играше само во еден натпревар оваа сезона и го даде своето објаснување зошто мисли дека тој е сигурен стартер за „црвените ѓаволи“.

– Откако пристигнав во клубот, мојата желба за победа е поголема од кога било, затоа што секогаш сум сакал да освојувам трофеи. Постојано го поставувам тоа пред моите лични цели и менаџерот го знае тоа и мислам дека затоа постојано играм, заклучи тој.