Connect with us

Фудбал

Лукаку се чини се враќа во Интер по забрзана постапка

Ромелу Лукаку е на чекор до Интер. Повеќе извори соопштија дека преговорите меѓу Интер и Челзи се во завршна фаза. Интер врши притисок врз Челзи што поскоро да ја прифати понудата и да ја заврши целата работа следната недела.

Лукаку се согласил да ја намали платата од 12 на осум милиони евра по сезона за да му олесни на Интер да го врати по една недела. Италијанските медиуми дури веруваат дека веќе следната недела се можни лекарски прегледи и дека Лукаку по забрзана постапка повторно ќе стане член на Интер. Зелено светло даде и Томас Тухел, кој сака да знае каква е ситуацијата во нападот и што поскоро да почне да бара замена.

Лукаку пристигна пред една година за огромни 113 милиони евра од Интер, но не се снајде најдобро, не е задоволен од системот на Тухел и разделбата изгледа неизбежна …