Connect with us

Фудбал

Лукас го напушта Реал Мадрид – се сели во Јунајтед

Шпанскиот медиум „Диарио гол“ веќе објави дека дознава од извори од клубот дека фудбалерот на Реал Мадрид, Лукас Васкез ќе го напушти клубот.

Како што пишува „Диарио“ Зидан бил подготвен да се откаже од овој играч, иако тој имаше прилично голема минутажа и беше круцијален дел од неговите тактички замисли.

Лукас веќе им открил на своите соиграчи дека ќе го напушти Мадрид на крајот од сезоната, а наводно им порачал и дека веќе ги договорил сите услови со Манчестер Јунајтед. Тој со Реал има договор до 2021. година.