Connect with us

Фудбал

Мадрид „завиен во црно“, по смртта на 14-годишниот млад фудбалер, замина легендата Капон

Во Мадрид деновиве само тажни вести. Откако вчера цела Европа ја потресе веста за смртта на младиот 14-годишен фудбалер Кристијан Минхола, денеска „Марка“ пишува за нов смртен случај.

Легендарниот фудбалер на Атлетико Мадрид Хосе Луис Капон почина на 70-годипна возраст. Како што пишува „Марка“ славниот фудбалер на овој тим ја загуби битката со Паркинсоновата болест која ја имал неколку години.

Капон беше член на овој клуб десет години од 1970-та до 1980-та година и за тоа време освои две шампионски титули на Шпанија, еден национален и Интерконтинентален куп.