Connect with us

Фудбал

Маестралниот потег на Душан Влаховиќ го реши мечот во Торино

Јувентус го совлада Сасуоло со 2-1 во четвртфиналето на Купот на Италија и мина меѓу четирите најдобри екипи. Херој е Душан Влаховиќ.

На овој натпревар се играше отворено на двете страни, а на крајот Јуве славеше со 2:1 со новиот гол на Душан Влаховиќ.

Јувентус подобро влегува во натпреварот и поведува во третата минута. Пауло Дибала убаво погодува за 1:0.

Сасуоло дојде до израмнување во средината на првото полувреме. Гостите создадоа неколку опасни ситуации, а во 24. минута од натпреварот Траоре постигна спектакуларен гол за 1:1.

Со овој резултат тие заминуваат на одмор иако Душан Влаховиќ имаше одлична шанса за предност на Старата дама.

Продолжението носи неверојатни шанси за Јуве. Мекени ја затресе стативата во 56. минута, а во 73. минута Јуве за неколку секунди промаши три неверојатни шанси.

Прво Мекени не постигнува гол од неколку метри, а во продолжение на акцијата Де Лихт и Бонучи пропуштаат од гол линијата и остануваат 1:1.

Сепак, во 88. минута Јувентус дојде до гол и победи. Душан Влаховиќ маестрално се ослободи од чуварот, влезе во шеснаесетникот и потоа со помош на Руан постигна гол за 2:1 и победа на Јувентус.

Во полуфиналето на Купот на Италија, Јувентус ќе игра против Фиорентина која ја елиминираше Аталанта.

Во второто полуфинале ќе играат Интер и Милан.