Connect with us

Фудбал

Мајстори за пресврти: Португалците остануваат на кровот на Европа

Фудбалерите на Португалија во футсал ја одбранија титулата европски првак.

Португалецот по голем пресврт ја совлада Русија со 4:2 во финалето на ЕУРО кое се играше во Холандија.

Русите феноменално го отворија натпреварот и по 13 минути игра имаа водство од 0:2.

Соколов во десеттата минута погоди за 0:1, а на 0:2 зголеми Афансаев во 13. минута од натпреварот.

Португалците на минута пред крајот на полувремето беа вратени во игра од Пако со гол за 1:2 на асистенција на Коељо.

Во продолжение комплетен пресврт на Португалецот.

Коељо погоди за 2:2, а истиот играч ја заокружи одличната партија со гол за 3:2 во 32. минута. Конечните 4:2 ги поставува Варела во последната секунда од натпреварот.

Во мечот за третото место Шпанија беше подобра од Украина со резултат 4:1.