Connect with us

Фудбал

Македонец на клупата на Ал Араби од Кувајт, има задача да го врати тимот на шампионските патеки

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски доби доверба да го предводи сениорскиот тим на Ал Араби. Тој минатата сезона беше дел од академијата на најпознатиот кувајтски клуб, а квалитетната работа беше најдобра препорака за него да добие шанса да го води и сениорскиот погон.

Ал Араби лани имаше лоша сезона, заврши на седмата позиција, а Тренчовски ќе има задача да го врати на шампионските патеки. Во својата кариера, Тренчовски бил тренер на Академија Пандев, Беласица, Кожув и Хоризонт Турново. Беше и селектор на македонската репрезентација за играчи до 19 години.