Connect with us

Фудбал

Македонија до 17 години во група со Ирска, Полска и Грузија за пласман на ЕП

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години ги доби ривалите во елитната фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Генерцијата на Горан Станиќ на ждрепката падна во групата 3, а за пласман на големото натпреварување ќе игра против репрезентациите на Ирска, Полска и Грузија. За нашата репрезентација ова е прв, историски пласман во елитната фаза во конкуренција за фудбалери до 17 години.

Мини-турнирите мора да завршат до 1 април, а осумте победници во групите ќе се пласираат на завршницата каде чека Англија. Првенството ќе се одржи од 4 до 20 мај.