Connect with us

Кошарка

Македонија без Младеновски ќе го нападне Косово

Кошаркарите на Македонија утре од 17:45 часот во Гевгелија ќе го одиграат и третиот натпревар во групната фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година, каде силите ќе ги одмерат против стариот должник Косово.

Атмосферата не е нарушена ниту со првиот проблем кој се појави во нашиот табор и повредата на Љубомир Младеновски, кој отпадна од комбинација за настап на овој меч.

Ставот на сите е едногласен – се ќе зависи од нас и нашата игра, а токму затоа сите се сконцентрирани да дадат се од себе за победничката серија да продолжи и да се направи уште еден чекор напред кон главните квалификации за Евробаскет 2021.

  • Косово е квалитетна репрезентација, но и покрај тоа, доколку имаме максималнен пристап на натпреварот очекувам да дојдеме до сигурна победа. Имаат неколку добри кошаркари како Бериша и Шоши кои се носители на играта. Ме радува тоа што Марко Симоновски се врати во репрезентацијата. Без разлика на сите случувања во минатото, за репрезентацијата се играат секогаш најдобрите и оние кои сметам дека се во добра форма. Што се однесува до повредата на Младеновски, тој нема да биде во репрезентацијата поради повредата со која се здоби за време на клупските обврски, истакна селекторот Јорданчо Давитков.

Инаку, Романија во четвртокот ја забележа првата победа во групата (88:83), токму против нашиот утрешен противник, па затоа оваа селекција останува во игра за првото место во групата, иако тоа ќе биде тешка мисија. За да се случи тоа, ќе треба во февруари следната година да не победат на домашен терен со најмалку 15 поени разлика, а потоа и да го совладаат утрешниот ривал среде Приштина. Ваквата математика се подразбира во случај на победа на жолто-црвените во неделната пресметка со Косовците во Гевгелија, за што шансите се повеќе од реални.