Connect with us

Кошарка

Македонија го совлада Исланд на Европското првенство во Скопје

Јуниорската репрезентација на Македонија го совлада Исланд со 62:60 на Европското првенство за кошаркари до 18 години, Б дивизија, што се одржува во Скопје.

Избраниците на селекторот Панче Милевски потешко од очекувањата дојдоа до победа на првиот натпревар од првенството.

Македонските ракометари добро го започнаа натпреварот и имаа контрола над играта во текот на првата четвртина, но Исланд направи пресврт и во следните две четвртини имаше резултатска предност.

Во финишот на натпреварот благодарение на двете тројки на капитенот Лука Стојановски македонската репрезентација се врати во игра. Стојановски потоа постигна уште четири поени, па во последните 50 секунди резултатот беше израмнет 60:60, а на четири секунди пред крајот го постигна и кошот за победа.

Македонија во следното коло ќе игра против Холандија.