Connect with us

Фудбал

Македонија го совлада Косово, Грузија е последна пречка за ЕУРО

Репрезентацијата на Македонија денеска на домашен терен ја совлада репрезентацијата на Косово со 2:1 и е чекор поблиску  до Европското првенство.

Нашата репрезентација покажа одлична игра и желба за победа и на крајот заслужено славеше победа.

Македонија дојде во водство уште во 16. минута од натпреварот кога по шутото на Ристовски, топката се одби од Кололи и заврши во голотна Косово.

Косово успеа да изедначи на 1:1 во 29. минута од натпреварот кога по грешката на Димитриевски, Хедергонај ја погоди мрежата на Македонија.

Македонија повторно успеа да дојде во водство од 2:1 со голот на Велковски во 33. минута од натпреварот.

Во второто полувреме и двете репрезентации играа добро, се чекаше грешка на противникот, но сепак резултатот остана непроменет, Македонија уште два пати ја затресе мрежата на Косово но од офсајд, па резултатот остана непроменет.