Connect with us

Фудбал

Македонија игра „викторија“ пред голот на Грузија, но како да се затресе мрежата?!

Без голови по првите 45 минути на мечот Македонија – Грузија во рамките од третото коло од Лигата на нации. Народски кажано, се игра „викторија“ пред голот на Грузија, противникот притиснат на нивната половина, освен неколку контри кои не беа толку опасни, нивниот гол виси, но вистинско прашање е како да се погоди мрежата. Покажа Македонија во првите 45 минути дека ја контролира играта, напаѓа, но сепак без вистинска стопроцентна шанса. Имаше неколку обиди од дистанца, пред се на Трајковски и Елмас, но тие не беа доволни да се затресе противничката мрежа.

Во првите 45 минути имавме 7 удари на противничкиот гол, од тие два во рамките на голот, три надвор, а два беа блокирани. Грузија имаше три во рамките на голот, но не беа опасност за Димитриевски.

Да се надеваме дека во второто полувреме мрежата конечно ќе се затресе.