Connect with us

Фудбал

Македонија ја елиминираше, но Италија ја притиска ФИФА да игра на Мундијалот во Катар наместо Иран?!

Украина и Италија вршат притисок врз ФИФА да го исфрли Иран од Светското првенство.

Двете селекции се надеваат дека во тој случај би избориле пласман на Светското првенство во Катар кое започнува на 20 ноември.

Причината за исфрлувањето на Иран е фактот што таа земја учествува воената инвазија на Русија врз Украина.

Откако вчера зборуваа од Украина, денеска зборуваше и италијанскиот амбасадор во Обединетите Арапски Емирати, Маурицио Масари.

Тој директно му пиша на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, притискајќи и Иран да биде исфрлен од Светското првенство.

Италија, актуелниот европски шампион, се надева дека ќе го престигне Иран како најдобро рангирана селекција од ФИФА, која нема да се квалификува на Светското првенство, доколку ФИФА направи еден од најголемите преседани во својата историја.

Сепак, правилата на ФИФА се јасни – во случај Иран да испадне од Светското првенство, може да биде заменет само со земја од истата конфедерација, а тоа би биле Обединетите Арапски Емирати.

Иран на Мундијалот се наоѓа во групата Б заедно со Англија, САД и Велс. Како што е познато, Италија во полуфиналето во баражот беше елиминирана од Македонија.