Connect with us

Фудбал

Македонија ја пропушти шансата, но не и Грузија, „петарда“ за Бугарија

Селекцијата на Грузија ја прегази Бугарија со 5:2 во вториот меч од Лигата на нации. Исто како на мечот со Македонија, така и сега Бугарија покажа дека во моментов имаат доста слаб квалитет. Но, за разлика од македонската фудбалска репрезентација, која пред неколку дена не ја искористи можноста да постигне убедлива победа (1:1) со оглед на тоа дека според прикажаното, одамна не сме играле против послаб противник, Грузија тоа го искористи, па со убедлива победа и шест бодови застана на чело на табелата пред Македонија која има 4, Бугарија 1 и Гибралтар без боводи.

Давидашвили по четири минути игра донесе водство за Грузија, а Христов со автоголот носи предност на гостите од 2:0 на полувремето. Во вториот, поточно во 50-та минута Илиев ја врати за момент резултатската неизвесност, но Завизадзе во 52-ра и Кваратскелиа од пенал во 58-та најавија убедлива победа. Во 70-тата Вако постигна гол за 1:5. Во самиот финиш на мечот Бугарија стигна до втор гол преку Стефанов.

Македонија на 9-ти јуни ја пречекува селекцијата на Грузија.