Connect with us

Фудбал

Македонија-Косово продадено, но што ако се игра без публика?!

Кој купил, купил, кој не ќе гледа на ТВ. Нема повеќе билети за натпреварот Македонија-Косово, соопшти ФФМ.

Македонската А репрезентација на 26. март на Националната арена ќе се соочи со репрезентацијата на Косово во плеј – оф дуелот за пласман на Европското првенство 2020.

Доколку нема било какво барање, препорака или евентуална забрана за присуство на гледачи од надлежните државни инстутуции поради корона вирусот, тогаш македонските фудбалери пред полн стадион ќе го одиграат натпреварот против Косово.

ФФМ ги потсетува сите навивачи и поддржувачи дека на денот на натпреварот со себе треба да носат документ за лична идентификација бидејќи при влегувањето на Националната арена за натпреварот на 26. март, редарската служба (претставници на Министерство за внатрешни работи) ќе ја проверува точноста на личните податоци од влезниците и нема да им овозможи влез на трибините на оние навивачи кои под друго име ќе се обидат да влезат на Националната арена. Предупредуваме навивачите да не купуваат влезници на т.н. „црн пазар“ со други податоци на влезниците.

Воедно ги повикуваа сите гледачи, поддржувачи и навивачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на нашите фудбалери да стигнат до вредна победа и да ја доближат Македонија до пласман на ЕВРО 2020.