Connect with us

Ракомет

Македонија одигра реми со Италија на ЕХФ шампионатот во Скопје

Машката младинска репрезентација одигра нерешено 27:27 против Италија на ЕХФ шампионатот за ракометари до 20 години што се одржува во Скопје.

Првите 20-тина минути од натпреварот се играше гол за гол, а избраниците на селекторот Данило Брестовац до крајот на полувремето успеаа да поведат и на паузата заминаа со минимална предност од еден гол 13:12.

Во почетокот на вториот дел македонските ракометари ја зголемија предноста на 16:13, но Италијанците направија серија и стигнаа до водство во 44-та минута од 18:19 .

До крајот на натпреварот италијанската репрезентација ја имаше иницијативата на теренот и резултатската предност, иако македонските ракометари успеваа да се доближат и да израмнат.

Во последната минута од натпреварот Италија имаше водство од еден поен (26:27), но Мице Шилегов беше прецизен за реми.

Македонија со победата над Велика Британија и овој нерешен резултат е на второто место на табелата во групата Б.