Connect with us

Кошарка

Македонија организатор на ЕП од Дивизијата Б за јуниорки

Македонската кошаркарска федерација ја доби довербата на меѓународната кошаркарска федерација – ФИБА за организација на уште едно европско првенство. Идната календарска година, 2019, во главниот град на Република Македонија ќе биде организирано Европското првенство во дивизија Б, за кошаркарки до 18 години.

Состанокот одржан од страна на централниот борд на ФИБА, во Вилниус, каде покрај системот за квалификации за Европското првенство за жени кое се наоѓа на календарот во 2021 година, се одлучуваше и за организирање на сите младински првенства, во сите дивизии.

Македонската кошаркарска федерација, ги пријави националните селекции до 16 години (машки и женски), до 18 години (машки и женски) како и машката младинска селекција до 20 години за учество на Европските првенства во соодветните дивизии.