Connect with us

Фудбал

Македонија остана на 77.место на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација остана позиционирана на 77.место на ФИФА ранг листата и за месец мај, на истата позиција на која се наоѓаше и во претходниот месец. Ова се должи и на тоа што немаше натпревари на репрезентативно ниво.

На врвот остана Германија, пред Бразил, Белгија, Португалија и Аргентина кои се во ТОП 5.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски најверојатно и во следниот период „ќе мируваат“ бидејќи Македонија нема закажано пријателски дуели во мајскиот и јунскиот циклус пред Светското првенство.

Ова ќе биде проблем бидејќи на почетокот на септември следуваат дуелите од Лигата на Нации со Гибралтар на гости (6.септември) односно со Ерменија на домашен терен (9.сепрември).